јавор
Здружението за рурален развој „ЈАВОР“ – Зрновци е невладина, непартиска, непрофитна организација формирана далечната 1997 год. како еколошко друштво Јавор. Во 2010 год при последната законска пререгистрација на невладините организации во Македонија, го менува само предзнакот како Здружение за рурален развој бидејќи во текот на своето постоење одсекогаш обработувало теми и спроведувало проекти кои го опфаќаат руралниот развој на регионот на општина Зрновци, но и пошироко на национално и интернационално ниво.Преку овие проекти и активности посебно внимание се посветуваше на зачувување на природните ресурси: водотеци(Зрновска, Морошка и Видовишка река) плодните почви и биодиверзитетот на регионот од секаков вид на можни загадувања и деградации.
Сите овие активности беа подржувани од познати стручни лица и професори и како резултат на истите општината Зрновци е една од првите во Македонија која има изработено ЛЕАП, ЛЕР, Стратегија за одржлив развој и Стратегија за органско производство.