Свои излагања имаа клучни актери за иницирање, поддршка и спроведување на политиките за земјоделство со високи природни вредности. На овој завршен настан беа презентирани проектните резултати, но и проектното влијание како на ниво на креирање на политики така и во насока на социо – екoномските аспекти. Воведни излагања имаа:
- Бесир Јашари,- Државен советник - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија
- Соња Лепиткова – Државен советник, Министерство за животна средина и просторно планирање на Македонија
- Г-дин Герт Кампман – Заменик Шеф на Мисија, Амбасада на кралството Холандија
- Соња Трајкова - Раководител на одделение за Агро-екологија и LEADER, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија
- Мартијен Ланкестер – Извршен директор, Авалон.
Презентации од проектот, пристапот и главните резултати од истите имаа:
- Дарко Знаор - Авалон
- Прогресот со дефинирање и идентификување на земјоделството со високо природни вредности во Македонија – Сузана Кратовалиева – Универзитет Св. Кирил и Методиј, Институт за земјоделство - Скопје
- Адресирање на социо-економскиот аспект на земјоделството со високи природни вредности во Македонија, главните пораки од одржаните тркалезни маси - Игор Тасевски, ЦГИ
- Агро-еколошки мерки за земјоделството со високи природни вредности – наоди и препораки – Димче Дамјаноски – Независен експерт, за земјоделство и рурален развој.
Исто така, беше промовирана и книгата "Земjоделство со Високи природни вредности и Агро-еколошки плаќања во Македонија", а беа доделени и наградите за најдобри цртежи и творби од училиштата опфатени со проектната кампања.
Наградени ликовни творби
Marija Dimovska I-2 klas SOU-Sv. Naum Ohridski - Mak. Brod Dimovski Stefan 6 odd. - OU Braka Miladinovci Angela Stevanoska V odd. - OU Bratstvo Edinstvo - Ohrid
Галерија од завршниот настан