DEM_logo2
ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Движењето на екологисти на Македонија заедно со неформалната група граѓани „Спас за Водно“ беше дел од организацијата на протестниот марш, под мотото „Да го спасиме Водно“. Маршот се одржа на 9 февруари (недела) со почеток во 10 часот пред основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје. Оттаму учесниците пеш и со велосипеди се упатија кон врвот на планината. Собирот се одржа пред планинарскиот дом на врвот во 12.30 часот. Од страна на нашата членка ЕД Еко-Скоп, Скопје беа собрани 500 потписи за поддршка за само 2,5 часа. Од собирот беше упатен проглас до надлежните локални и државни органи, со кој беше побарано веднаш да се престане со урбанизацијата и безмилосното уништување на парк-шумата.