На 13 и 14 февруари 2012 проектот "Промовирање на земјоделството со високи природни вредности и агро-еколошки плаќања прегу граѓанските организации во Македонија" се претстави во рамките на манифестацијата: Недела на виното "Свети Трифун 2012" која се одржа во Неготино. Мотото на оваа манифестација "Со традиционалните вредности – заедно во Европа" потполно се совпадна со идејата на нашиот проект, за промовирање на традиционалниот начин на земјоделство. Штандот беше посетен од голем број локални жители, фармери, претставници на локалните институции, власти и гостите од Италија, Бугарија и Словенија. Во духот на празникот Св. Валентин, нашиот штанд беше збогатен и со производи кои се произведени на традиционален начин при неинтензивно земјоделство: мед и органско вино. Погледнете ги постерите.
On 13 and 14 February Project "Promotion of agriculture with high natural values and agri-environmental payments with NGOs in Macedonia" was presented within the event: Wine Week "St. Tryphun 2012" held in Negotino. The motto of this event "The traditional values - together in Europe" fully matched the objective of our project, to promote the traditional farming system. Stand was visited by many local residents, farmers, representatives of local institutions, officials and guests from Italy, Bulgaria and Slovenia. In the spirit of St. Valentine's Day, we put on our stand additional products produced in a traditional way using extensive agricultural practices: organic honey and wine. View posters.