DEM_logo2
ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

озон

КОНТАКТ 
тел: 071 239 831
email: vuckovamarija@yahoo.com; dr.vuckov@t-home.mk
web: /
Еколошко друштво ‘’ОЗОН’’ Струмица 
Растечката потреба за храна доведе до развој на земјоделството првенствено потпирајќи се на примена на хемиски средства и механизација. Прекумерната, неконтролираната, често и нестручна употреба на хемиски инпути (ѓубрива и средства за заштита на растенијата) во конвенционалното производство, со цел остварување што поголеми приноси и профит, предивика намалување на квалитетот и плодноста на земјиштето. Покрај тоа, често се занемарува квалитетот и безбедноста на храната по здравјето на луѓето и животните, како и основните принципи за заштита на екосистемот и агроекосистемот. Визијата на оваа еколошко друштво е да ја подигнеме свеста кај народот дека неконтолиранато користење на хемиски средсва е стварно штетно и дека има големо влијание врз здравјето на луѓето а исто така има негативно влијание и за целата животна средина. Со еден збор да успееме да ги едуцираме земјоделците и да им укажеме дека истите ефекти можат да ги добијат и без толку прекумерена употреба на хемикалии. Похуман начин на производство на храна, во прв план ги става здравјто на човекот и ја почитува природната еколошка рамнотежа избегнувајќи загадување на околината.