Во рамките на проектот спроведена е национална кампања имплементирана од страна на локалните организации на ДЕМ, со цел да се промовираат "скриени вредности" на традиционалните и со низок интензитет земјоделски системи во Македонија. Оваа кампања вклучи разни активности: изложба на фотографии (која се реализираше во 9 градови во Македонија), форуми, работилници за запознавање и на најмладата популација со вредностите кои нашата држава ги поседува и традицијата која се задржала на одделни региони. Најмладите твореа на тема "Заштити ја природата – зачувај го традиционалното земјоделство"; во одделни региони (Мак. Брод, Охрид, Црнилиште, Кривогаштани, Обршани) се организираа настани под наслов "Отворени денови за земјоделците" на кои, фармери кои ги негуваат традиционалните земјоделски практики имаа можност да се претстават со своите продукти на пошироката јавност. Беше направен радио и ТВ спот кој се емитуваше на националните и локални медиуми со цел запознавање со проекот и на пошироката јавност. Младите и практично се запознаа со традиционалните земјоделски практики посетувајќи бачило, се организираа и специјални едукативни средби со студенти на земјоделскиот факултет во Штип за да се запознаат со овој концепт практикуван во Европа. Овие активности се реализираат во следниве градови: Куманово, Пехчево, Пробиштип, Валандово, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Охрид, Ростуше, Македонски Брод и Скопје.
Резултати и активности:
1. Изложба на фотографии
Беа отпечатени вкупно 40 фотографии (по 10 од секој проектен регион: Лакавица, раткова скала, Мариово и Река). Изложбата на фотографии беше организирана во 9 градови: Куманово, Пехчево, Пробиштип, Велес, Битола, Ростуше, Охрид, Македонски Брод, Скопје; траеше вкупно 33 дена и истата ја посетија околу 3.500 посетители.
За време на траењето на изложбата, во одделни градови беа спроведени и активности кои ја надополнија и збогатија содржината на изложбата:
Еко ден (21 март – во Куманово)
поетски читања (Куманово, Скопје, Мак. Брод)
поделба на садници (Куманово)
трибина за земјоделство (Куманово, Скопје)
промовирање на здрава храна (Велес)
Во текот на изложбата, ученици од локалните основни и средни училишта создаваа ликовни и литературни творби. Пристигнаа 34 литературни творби (есеи, песни, поеми) и од истите наградени се 6 најдобри лични творби во различни категории.
- Категорија од I до IV одделение наградена е песната "КРАВА" на ученичката Марија Стојанова од Велес;
- Категорија од V до VIII одделение, наградена е поемата "В СЕЛО" на Исидора Димитриевска - VII одделение од ОУ Христијан Тодоровски Карпош од Куманово;
- Категорија есеј, за најдобар е избран текстот под наслов "ЗАШТИТИ ЈА ПРИРОДАТА – ЗАЧУВАЈ ГО ТРАДИЦИОНАЛНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО" на Кирил Наумовски и Дарко Ристески ученици во VIII одделение од ОУ "Братство и единство" од Охрид;
- Категорија ученици од средно училиште, избрана е песната "ЗАШТИТИ ЈА ПРИРОДАТА – ЗАЧУВАЈ ГО ТРАДИЦИОНАЛНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО" на Маја Јосифовска 4 клас во средното училиште Св. Наум Охридски во Македонски Брод;
- Категорија проза од ученици од средни училишта, одбран е есејот "ЗДРАВА ПРИРОДА, ДОЛГ ЖИВОТ" од Димитар Бабал'ков од Пехчево;
- За песната "ЗЕМЈОДЕЛСТВО" награден е ученикот Стефан Божиновски од с. Кукуречани.
Од блузи 100на направени цртежи, одбрани се 3 најдобри, кои вистински ја отсликуваат и презентираат темата. За најдобри одбрани се цртежите на:
- Ангела Стефановска, V одделение од Охрид;
- Стефан Димовски, VI одделение од Скопје и
- Марија Димовска, 1 клас од Мак. Брод.
2. Отворени денови со локалните фармери
Опфатени се 63 фармери од следниве населени места: Кривогаштани, Крушеани, Воѓани, Обршани, Вирово, Демир Хисар, Крушево, Охрид,
с. Орман, с. Долно Лакочереј, ''Млекара'' од с.Ижиште, с.Пласница, с. Латово,
с. Девич, с. Долно крушје с.Рамне, с. Лажани, с. Василковци, с. Горни, с. Манастирец, с. Томино Село, с. Растеш, с. Преглово и Македонски Брод.
3. Презентирање на проектот во текот на традиционалното обележување на Св. Трифун
Се организираше 2 дневно презентирање (13 и 14 февруари) - Недела на виното "Свети Трифун 2012" која се одржа во Неготино.
Мотото на оваа манифестација "Со традиционалните вредности – зедно во Европа" потполни се совпадна со идејата на нашиот проект, за промовирање на традиционалниот начин на земјоделство.
4. Округла маса/платформа – "Градење на локалните капацитети за концептот на земјоделството со високи природни вредности"
Реализирана е една средба со 23 учесника од различни профили, претставници на локалните власти, локални фармери и сл.
5. Специјални ТВ емисии на локалната телевизија во Струмица, заради објаснување на концептот за земјоделство со високи природни вредности и совети за добри земјоделски практики - направени се 4 емисии, со 8 емитувања на локалната ТВ Вис од Струмица.
6. Организирање и спроведување на предавање пред студентите од Факултетот за земјоделство во Штип, кое го посетиле 46 студенти.
7. Организирање на посебен школски час за запознавање на учениците со традиционалниот начин на земјоделско производство и традиционалните земјоделски практики со посета на традиционално бачило. Со овие активности опфатени се 55 ученика.
8. Радио и ТВ спот
• над 800 емитувања на локални и национални медиуми;
• гостувања на локални и национални медиуми:
- Македонско радио
- ТВ Алфа
- Канал 5
- Сител
и многу локални телевизии.